понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 128
home Вести

Судијката што не можеше да го дочува законот наградена да го чува Уставот, Кацарска предложена за уставен судија

Судијката што не можеше да го дочува законот наградена да го чува Уставот, Кацарска предложена за уставен судија

Судијката Добрила Кацарска како судија на Основниот Кривичен суд – Скопје по дискутабилниот избор на предмети за кои во јавноста постоеја тврдења за злоупотреба на електронскиот систем и доделувањето на предмети на судијката по проценка на власта, и огромниот број на нелогични постапувања во предметите, како и нессодветните изјави во јавноста, сега Кацарска е предложена за нов уставен судија.

Судскиот совет вчера на седница ја предложи судијката за нов судија во Уставниот суд на Македонија, на местото на судијата Владимир Стојановски, чиј предлог ќе биде испратен на гласање во Собранието на Република Македонија.

Кацарска во 2017 година на интервју за „Ноќно студио“ истакна дека во Македонија се доделуваат предмети надвор од електронскиот систем на автоматска распределба на судовите, како и тоа дека имало докази дека одредени претседатели на судови влијаеле на таквата распределба на предмети.

По ова Кацарска „магично“ изминативе неколку години ги доби предметите по обвиненијата на СЈО, сите предмети со висок јавен интерес, како случајот „Тенк“, „Триста“ „Транспортер“, како и обемниот случај за 27-ми април.

Во три случаи од наведените и тоа случајот „Тенк“, случајот „Триста“ и случајот „Транспортер“, Кацарска носи пресуди за злоупотреба на службената должност, кои се чини дека се како по шаблон.

Имено во случајот „Тенк“ сега осудената Гордана Јанкуловска бараше изземање на судијката, според кое барање обвинетата била деградирана, дискриминирана и понижена од страна на судијката. Во случајот „Триста“, Кацарска иако обвинетиот Поповски редовно се јавувал на судењата, таа му досуди притвор поради опасност за бегство, чија одлука е контрадикторна. Во случајот „Транспортер“ пак, судијката го осуди за злоупотреба на службена положба градоначалникот на Битола, Владимир Талевски на високи осум години затвор, небаре се однесува за кривично дело „убиство“.

Големиот број на нелогични постапувања на Кацарска, како и обвинувањата за пристрасност во одлучувањето и носењето на судските одлуки, прашање е дали Кацарска која не успева во целост да го „чува законот“, сега е наградена како предлог за нов уставен судија.

Коронавирус