петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 42
home Вести

Судијата нервозен, обвинителот тендециозен: Одбраната на денешното рочиште за „Топлик“ побара изземање на Рустеми

Судијата нервозен, обвинителот тендециозен: Одбраната на денешното рочиште за „Топлик“ побара изземање на Рустеми

Одбраната на обвинетите во случајот „Топлик“ денеска побара изземање на обвинителот Бурим Рустеми. Адвокатите сметаат дека Рустеми треба да биде изземен поради неговото тенденциозно однесување за време на постапката.

Судијата Осман Шабани, кој денеска беше видно нервозен и постојасно се закануваше со отстранување од судницата, рече дека поради ова барање нема да го прекине денешното рочиште.

Истовремено Шабани јавно се закани на обвинетите дека ќе видат во образложението на пресудата за што се виновни.

Потоа тој ја советуваше одбраната да поднесе писмен поднесок за разрешување кое тој ќе го достави до Републичкиот јавен обвинител.

На денешното рочиште еден од сведоците го дискредитираше обвинителот.

Сведокот кажа дека кај генералниот секретар во Владата, на кој присуствувале јавниот обвинител Бурим Рустеми, Државниот правобранител Феми Стафа и генералниот секретар на Владата Драги Рашкоски, му се заканувале дека ќе добие кривична пријава ако не напише допис дека има штета по буџетот на државата.

Потоа сведокот изјави и дека добил порака во која се кажува дека премиерот ќе барал да биде избркан од работа ако не го смени дописот во кој кажува дека нема штета по буџетот.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија