понеделник, 3. октомври 2022. Вести денес: 143
home Вести

Судијата Албанец, странки Македонци и Турци ќе слушаат на слушалки што кажува судијата

Судијата Албанец, странки Македонци и Турци ќе слушаат на слушалки што кажува судијата

Од предлог текстот на законот за употреба на јазиците произлегоа многу дилеми. Она што е во согласност со Рамковниот договор преточен во Уставот е јасно. Или амандман 5 став 5 е јасен. Во него се вели „во органите на државната власт во Република Македонија службен јазик различен од македонскиот јазик, може да се користи во согласност со закон“.

Што значи, како што неодамна професорот Владо Поповски еден од креаторите на Уставот, и на Рамковниот договор, со ова е отворена вратата за користење на друг јазик во органите на државната власт уште одамна, во 2001 година кога се направија уставните измени.

Но според него во целост предлог законот не е во согласност со Уставот зошто говори и за установи кои вршат јавна дејност, како на пример јавни претпријатија. Значи делови од преглог текстот на законот се врзуваат со амнадман 5, но има конфузија зошто не се дефинирани на кои се установи со јавна дејност се мисли.

-Не се знае кој е целиот список на установи кои треба да го употребуваат албанскиот јазик, констатира професор Поповски.

Тука настанува целата конфузија и излегување од рамките на Уставот и Рамковниот договор. Професорот наведува неколку примери. На пример Факултетот за ветерина има јавно овластување да врши контрола на влезот на исправноста на храната и применуваат стандарди, што значи тоа во контекст на употреба на јазикот.

На пример што е со факултетите. На пример ако на еден факултет се избере декан Албанец тогаш целокупната комуникација ќе треба да биде на двата јазика, а ко ќе му заврши мандатот не е на два јазика.

Потоа дали студент кој е Албанец и запишан на факултет ако сака може да побара да одговара на албанкиси јазик, тоа би значело дека факултетот треба да му го овозможи тоа. Зошто ако деканот има право тогаш и студентот има право. Дополнително тоа бара и финансии.

Можна е и друга ситуација. Некој Албанец по сите квалификации заслужува да биде директор, но може да не го изберат и ќе бидат неправдни, а нема да го изберат зошто целокупната документација ќе треба да биде на албански. А за сето тоа да нема услови во смисла финансии, човечки ресурси…

Друг пример од судството. Доколку еден судија е Албанец законот му дава право да го води случајот на албански јазик, но што ако во случајот нема ниту една странка Албанец. Тоа значи дека ќе треба превод и сите да стават слушалки.

Според професор Поповски доколку не се среди оваа конфузија сето ова може да падне на Уставен суд.

 

KOИ СЕ ОРГАНИ НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ

(извор, Собрание на РМ)

https://www.sobranie.mk/?ItemID=67800B151F18DA4788B2964F090C39A1

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ВРХОВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВА НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ
MИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ
МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО
МИНИСТЕРСТВО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА
СЕКРЕТАРИЈАТ ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА  НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
САМОСТОЈНИ ОРГАНИ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ

 

АГЕНЦИЈА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО
КОМИСИЈА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ И РЕЛИГИОЗНИТЕ ГРУПИ
АГЕНЦИЈА ЗА РАЗВОЈ И ИНВЕСТИЦИИ

ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ
ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ
УПРАВНИ ОРГАНИЗАЦИИ

ДРЖАВЕН АРХИВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА
АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ
ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
АДВОКАТСКА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
НОТАРСКА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА
АГЕНЦИЈА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА
МАКЕДОНСКА ИНФОРМАТИВНА АГЕНЦИЈА
ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА
НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ
ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
 

Најнови вести

Коронавирус