петок, 13. декември 2019. Вести денес: 130
home Вести

Судиите од Кривичниот суд во Скопје со поддршка за судската администрација

Судиите од Кривичниот суд во Скопје со поддршка за судската администрација

Колегиумот на судии и Здружението на судии од Основниот кривичен суд во Скопје денеска им дадоа поддршка на судските служеници, кои денеска од 09:30 до 11 часот протестираа пред судовите во државата.

– Тука сме заедно со судската управа на Кривичниот суд Скопје за да дадеме поддршка на судските службеници. Сметаме дека заслужуваат повисоки плати и примања. Станува збор за едни од највредните службеници генерално  во државата заедно со здравствените и просветните работници и во таа смисла сметам дека и судските работници треба да имаат, по разни основи, повисоки примања. Тие навистина имаат стресна работа, имаат многу работа и не гледам зошто не би ги поддржале. Не гледам проблем ниту во Судско буџетскиот совет и ние судиите и советот ги подржува судските службеници во нивните барања. Очигледно е дека во минатото платите се зголемувани и таа тенденција треба да продолжи, изјави судијата Иван Џолев, претседател на Кривичниот суд.

И покрај протестот, како што информираа од Кривичниот суд, денеска се работи без застој и не е одложена ниту една главна расправа на притворски, итни или предмети со поголем број обвинети со цел да не дојде до непотребно одоговлекување на судењата.