петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 192
Во живо

Централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Штип

home Вести

Судење за несреќата кај Ласкарци- на следното рочиште ќе сведочат роднини на загинатите и преживеани патници

Судење за несреќата кај Ласкарци- на следното рочиште ќе сведочат роднини на загинатите и преживеани патници

Со искази на адвокатите на оштетените семејства денеска продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци. Пред судот, бранителите рекоа дека се приклучуваат кон обвинението и најавија дека ќе побараат отштета, процес кој ќе се води во граѓанска постапка, пренесува „Сител“.

Судијата Дијана Груевска најави дека на следното рочиште пред судот ќе сведочат роднини на загинатите. За следното судење пак, во судница свои искази ќе имаат преживеаните патници кои се превезувале со автобусот на Дурмо Турс.

За случајот Ласкарци, обвинети се шестмина. За тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, одговараат сопственикот на превозната компанија Дурмиш Бељули, возачот на автобусот и вработени во станицата за технички преглед на возила чиј сопственик е Бељули.

Автобуската несреќа се случи во февруари годинава, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.

Коронавирус