недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Судење за Диво Насеље: „Обвинетите вареле кафе, оружјето на УЧК не било доказ за тероризам”

Судење за Диво Насеље: „Обвинетите вареле кафе, оружјето на УЧК не било доказ за тероризам”

Во полупразна сала во Врховен денеска продолжи судењето за Диво насење, откако вчера настана хаос во судницата во која вриеше полиција, откако обвинетите почнаа со навреди, викање и пцовки велејќи дека Македонците се избеглици и дека се малтретирани 4 години. Откако вчера апелациските судии образложија дел од првостепената пресуда, денес почна образложувањето на жалбите од страна на адвокатите, пренесе МКД.МК.

Адвокатот Еленко Миланов посочи дека преземените дејствија кон припадници на полицијата, па дури и кога се користело оружје, не е тероризам.

– „Во Диво Насеље полицијата отиде да врши претрес, а таму лицата пружија отпор. Ова не може да биде акт на институции. Преземените дејствија кон припадниците на полицијата, па дури и кога се користи оружје, не може да биде тероризам. Имало многу напади на полицајци, но ниту една квалификација на кривичното дело не била тероризам. И нападот во Полициската станица во Гошинце не е напад, туку е упад“, рече на јавната седница адвокатот Миланов.

За адвокатот Миланов облечената униформа на УЧК и носењето на оружје на лицата кои беа во Диво Насеље не морало да значи дека тие таму заминале со умисла. Адвокатот Миланов зборуваше конкретно за обвинетиот Беким Кабаши и Руфки Догани. За него бранителот тврди дека во една од куќите каде биле сместени обвинетите во „Диво Насеље“ тој бил задолжен да подготвува јадење и да вари кафе и затоа имало негова ДНК на пушката која се наоѓала во еден од тоалетите.

– „На една од пушките најдена во тоалет во куќа има траги од лицето Руфки Догани. Тој во оваа куќа подготвувал јадење и кафе, а обвинителството со ниту еден доказ или податок не докажа дека тој употребил пушка. Ако на оружјето има епител од Руфки тоа може да значи дека тој само ја поместил пушката“, тврдеше пред апелациските судии адвокатот Миланов.

Инаку, во борбата во Диво Насеље загинаа осум припадници на безбедносните сили, го дадоа својот живот за Македонија. Во престрелките животот го загубија Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ, Горан Стојменовиќ кои посмртно беа одликувани со „Медал за храброст“, а 37 припадници на безбедносните сили беа повредени.

Коронавирус