вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 203
home Вести

Студентите преживуваат – Се полоши се уловите во студентските домови, СДСМ без слух

Студентите преживуваат – Се полоши се уловите во студентските домови, СДСМ без слух

Условите во студентските домови низ државата од ден на ден се се полоши.

Имено,  вчера на социјалната мрежа Фејбук на Студенти за Македонија е објавено видео од страна на студентите каде што се гледа дека плафонот во тоалетот во студентскиот дом Стив Наумов паднал.

Се уште нема информација дали има повредено некој студент, ниту пак информација од страна на Директорот на Државниот студентски центар дали и кога ќе се санира овој проблем.

На истиот Фејсбук профил пред само една недела беа објавени фотографии од храната која им се служи на студентите, пишувајќи дека ова што се служи како оброк на студентите не е доволно.

Студентите се жалат дека условите во студентскиот дом се катастрофални, односно како што се гледа на сликата студентите буквално се оставени да преживуваат.

Студентите се повеќе се револтирани од владата на СДСМ, бидејќи во предизборниот период во нивната „Програма за живот за сите“ ветуваа дека со доаѓање на власт во првите 6 месеци ќе започнат со изградба на студентските град како и дека ќе ги подобрат условите на студентите ширум Македонија.

Студентите се оставено сами на себе за да преживеат, пред само неколку месеци јавноста беше сведок дека на студентите му се служи храна со пикавци од цигари, игли, бубашваби во студентската менза,  додека пак студентите во сред испитна сесија се соочија со немање на топла вода и парно греење.

 

Зборот е збор и има вредност само доколку истиот се исполнува, а ветувањето има вредност ако се преточат во дела.

Иако СДСМ и Зоран Заев пред само две години додека беа во опозиција не пропуштаа прилика да потенцирате дека во младината е  фокусот и иднината, дека ќе изградите нови студентски домови, ќе ги вратите младите во Македонија, а не само што не направија  ништо, туку не се ни потрудија  да ги задржат оние кои што останаа да студираат овде.

Коронавирус