понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 148
home Вести

Студентите по фармација и хемија ќе бидат дел од програмата за практиканство во Алкалоид

Студентите по фармација и хемија ќе бидат дел од програмата за практиканство во Алкалоид

Алкалоид АД Скопје потпиша Меморандум за соработка за програмата за практиканство со Фармацевтскиот факултет и Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет при УКИМ.

Практиканството во Алкалоид е заеднички проект помеѓу компанијата, респективните образовни институции и студентите, кои ја претставуваат идната работна сила во Македонија.

Во рамките на овој проект, на студентите, кои се на додипломски и последипломски студии на споменатите факултети, ќе им се овозможи вклучување во секојдневните компаниски процеси и активности, со цел да се зајакнат нивните професионални вештини и взаемно да се поттикне научно-истражувачката работа.

-Целта на овој Меморандум за соработка за програмата за практиканство е да се поттикне развојот на креативноста кај студентите, нивното лично и професионално профилирање, како и подготвеноста за соочување со идни професионални предизвици. Со овој проект, ние како компанија во соработка со највисоките научно-образовни институции во земјава, сакаме да им овозможиме на младите талентирани и амбициозни студенти стекнување и практикување на нови вештини во реални процеси во рамки на компанијата. Сакаме да изградиме синергија од која бенефит ќе имаат сите инволвирани страни, а преку имплементирање на најновите научни достигнувања во развојни процеси, научно-истражувачката работа очекуваме да се подигне на ново, повисоко ниво, истакна Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на УО на Алкалоид.

Коронавирус