четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 160
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Студентите до Фрчковски: Колку пари му понуди на Глигоров за промена на името?

Студентите до Фрчковски: Колку пари му понуди на Глигоров за промена на името?

Студентите на Правниот факултет денес преку транспарент го поздравија професорот Љубомир Фрчковски прашувајќи го „Колку пари му понудил на Глигоров за промена на името?“

Ваквиот транспарент доаѓа по најавите дека денес со почеток во 13 часот во аулата на Правниот факултет ќе биде одржана дискусија на тема Преспанскиот договор, а на која гостин е токму Фрчковски.

Поранешниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров во својата книга „Македонија е се што имаме“, мемоарски записи, напишани во 2000 година, а објавени во 2001 година за прв пат се осврнува на случајот на обид да биде корумпиран, со милион долари за промена на името во Славомакедонија

Во неа за случајот напишал:

„Имаше, тоа првпат ќе го кажам, еден навистина незамислив обид преку грчките специјални служби да се влијае и врз мене, и тоа на извонредно груб начин, да ја прифатам грчката солуција, да направам нешто за да се откажам од името Македонија….

Еден ден министерот за внатрешни работи, Фрчковски ми предложи да примам некои соработници од Службата за да ме известат лично за нешто од нивната работа. Ги примив, а тие ми кажаа дека имале некоја средба со нивни „колеги“ од Грција дека тие официјално им рекле да ми пренесат лично мене дека доколку попуштам околу името, готови се да ми префрлат, на која банка сакам во светот, милион долари.

Јас ги ислушав, прво, долго ги гледав луѓето, а потоа им реков: „Добро, бре, луѓе, како си замислувате – шефот на оваа држава да прими милион долари, да се откаже од името Македонија. Како ве молам, воопшто сте го замислиле тоа? Како воопшто тоа некој може да си го замисли? Тоа е апсурдна работа, ако тоа воопшто некој си го замислил, тогаш јас не сум за ова место.“ Од мене избиваше голема лутина. Тие се згрчија, беше видливо дека им е непријатно, се гледаа меѓу себе: „Е нам ни рекоа, да ви пренесеме“.

Им реков:„Да ви кажам – од тоа нема ништо. Одете си. Му кажав јас и на вашиот министер,“ (завршен цитат, според книгата во издание на „Издавачки центар Три“ 2000-2001, стр. 365 и 366).

Коронавирус