вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 77
home Вести

Студено време со снежни врнежи

Студено време со снежни врнежи

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи главно од снег, освен на крајниот југоисток каде ќе бидат од дожд.

Повеќе врнежи ќе има попладне во западните делови од земјава.Минималната температура ќе се движи од -9 до нула степени, додека максималните температури ќе се движат од -2 до седум степени.

Во Скопје и околината температурата ќе се движи од -6 до 1 степен.

Во првите два дена од работната седмица ќе се задржи облачно и студено време со повремени врнежи претежно од снег со променлив интензитет. Во среда и во четврток се очекува стабилно и суво време со пониски утрински температури.

Коронавирус