среда, 23. септември 2020. Вести денес: 173
home Вести

Студено време со слаб снег, ќе дува силен северен ветер

Студено време со слаб снег, ќе дува силен северен ветер

Променливо облачно и студено со провејување на слаб снег, особено на северот северозападниот од земјава ќе биде времето денес. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен северен ветер со брзина и над 60 км/час.

Утринските температури ќе се движат од -8 до 2 степени, а дневните од -6 до 6 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу нулата, а дневната до 2 степени.

За утре, последниот ден од оваа година, метеоролозите најавуваат претпладне променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Коронавирус