сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Студено со повремен снег

Студено со повремен снег

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со повремен снег со слаб до умерен интензитет, особено во западните и крајните источни делови од земјата.

Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој во Пелагонија на моменти ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус два, а дневната од минус три до три степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен снег рано претпладне како и во вечерните часови. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата од минус шест до еден степен.

До четврток ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, претежно во западните и источните делови. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината, а најстудено ќе биде во четврток кога утринската температура на повеќе места ќе се спушти под -10 степени. Во петок ќе има врнежи од дожд и снег, а позначително затоплување со локални врнежи од дожд ќе има за време на викендот.

Најнови вести

Коронавирус