сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Студен бран се поблиску до Македонија – очекувајте голем пад на температурите

Студен бран се поблиску до Македонија – очекувајте голем пад на температурите

Студениот воздушен бран полека но сигурно и се приближува на нашата територија и кај нас ќе стигне во недела, а најмногу ќе се почувстува од понеделник кон крајот на денот и во вечерните и ноќните часови, кога температурите на воздухот значително ќе опаднат а сево ова ќе биде проследено и со умерен до засилен ветер од северен правец, информира метеорологот Славчо Попоски.

За време на викендов исто така облачноста постепено ќе се зголемува, а од недела попладне ќе има услови за слаби локални врнежи од дож и снег на планините, во понеделник услови за провејување на снег ќе има и на повисоките места. За време на викендов максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, додека наутро ќе биде студено со негативни температури на повеќе места.

На самиот почеток од следната недела максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени во најтоплите предели од државава. мегутоа во понеделник попладне и навечер температурите позначително ќе опаднат со што особено студено утро ќе имаме во вторник со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -3 степени.

Најнови вести

Коронавирус