четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 154
home Вести

Стружанец почина на Инфективна клиника, 21 лице во тешка состојба

Стружанец почина на Инфективна клиника, 21 лице во тешка состојба

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска за прв пат од почетокот на епидемијата, во 24 часа, нема прием на нови пациенти, позитивни или сомнителни на ковид-19.

На оваа клиника почина еден пациент, 61 годишен од Струга, со повеќе коморбидитети и тешка форма на болеста, хоспитализиран од 24 април.

Испишани се 8. Во моментов се хоспитализирани 39 пациенти, од нив 20 потешко болни и на кислородна поддршка и 1 критично болен пациент на механичка вентилација.

Коронавирус