петок, 5. март 2021. Вести денес: 165
home Вести

Струшкото ОЈО оформи предмет за запаленото бугарско знаме на карневалот во Вевчани

Струшкото ОЈО оформи предмет за запаленото бугарско знаме на карневалот во Вевчани

Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет по допрен глас во врска со написите во одредени медиуми дека за време на одржувањето на Вевчанскиот карневал било запалено знаме на Република Бугарија.

Како што соопшти ЈОРМ, предметот е оформен со цел да се испита постоење на кривично дело „повреда на угледот на странска држава“ од член 181 од Кривичниот законик.

– Притоа, надлежен јавен обвинител издаде наредби до СВР Струга со цел утврдување на идентитетот на сторителот, како и идентификација на други присутни на настанот. Во исто време, по наредба на јавен обвинител ќе бидат обезбедени евентуалните снимки од камери на кои е регистриран инцидентот, а ќе бидат преземени и други дејствија за расчистување на кривично – правниот настан, се наведува во соопштението.​​

По палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани, Софија упати вербален демарш, за што информираше бугарската министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева. Осуда за чинот изразија и шефот на државата Стево Пендаровски и нашето МНР, а МВР информира дека работи на целосно расчистување на случајот со палењето на бугарското знаме во Вевчани што се случи вчера на последниот ден од карневалот.

Коронавирус