недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 178
home Вести

Струшкото обвинителство побара парични казни за три лица

Струшкото обвинителство побара парични казни за три лица

Основното јавно обвинителство Струга побара парични казни за три лица поради непочитување на полицискиот час.

– Поради сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Струга за три лица поднесе предлози за издавање казнени налози со кои му предложи на Судот на обвинетите да им изрече парични кзни во висина од по 100 дневни глоби, секоја од нив во вредност од по 30 евра во денарска противвредност, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинетите, како што е наведено во соопштението, не ја почитувале Одлуката за забрана на движење на населението на територијата на Република Македонија, па со возила или пеш се движеле во околината на Струга.

Коронавирус