петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 147
home Вести

Струмички „Аватар“ над законите: За другите локали клуч, журка за омиленото место на Заеви

Струмички „Аватар“ над законите: За другите локали клуч, журка за омиленото место на Заеви

Портата на ексклузивниот бар Мош во центарот на Скопје денеска беше затворена, внатре вработените расчистуваа по синоќешната забава со српскиот пејач.

На социјалните мрежи беше објавено видеото од синоќешниот настан кое покажува дека имало многу луѓе, немало дистанца, не се носеле маски. Во барот се одржал концертот иако уште минатата недела била изречена забрана за работа и била поднесена кривична пријава.

Директорот на Пазарниот инспектар Стојко Пауновски за Сител вели дека скопскиот бар Мош не е единствен што ги крши задрвствените протоколи и не постапува по решенијата за затворање.

Мош очигледно ќе биде соодветно казнет, но во Струмица журките се секојдневие, а казни нема. Во „Аватар“ кое е омилено место за излегување на Заеви, имаше забава и синоќа. Без маски и без дистанца. Но, ова место очигледно е над законите бидејќи децата на премиерот често се забавуваат таму.

Деновиве во Македонија има алармантни бројки на новозаразени. Журките во ваквите локали сигурно се една од причината за ова.

Еве како течеше синоќа забавата во струмички „Аватар“.

 

Коронавирус