четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 11
home Вести

Струмица вечерва се гуши во канцероген смог како најзагаден град, нема ништо од гасификацијата на Заев

Струмица вечерва се гуши во канцероген смог како најзагаден град, нема ништо од гасификацијата на Заев

Струмица вечерва е најзагаден град во Македонија.

Струмичани дишат загаден воздух и се гушат во канцероген смог.

Екс-градоначалникот на Струмица кој денес е премиер, Зоран Заев ветуваше гасификација на градот, но од тоа нема ништо.

Тој уште одамна најави дека “ќе ја нападне Македонија со цевки за гасификација“, но она што дефинитивно ги нападна граѓаните е воздух кој гуши.

-Гасификацијата продолжува онаму каде што застана. Ќе ја нападнеме Македонија со цевки од сите страни. Еден дел од парите ќе се вложат за експропријација, а еден дел за цевки, рече Заев во ноември минатата година.

За гасификација на Струмица, Заев зборува неколку години по ред. Но тоа останаа неисполнети ветувања, бидејќи да ја спроведеше тој навреме гасификацијата, сограѓаните немаше да му се гушат во канцероген смог.

 

Коронавирус