петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Струга и Ресен побараа оставка од Заев: Македонскиот народ не смее да дозволи Заев да посегне по историјата, јазикот и идентитетот (ФОТО)

Струга и Ресен побараа оставка од Заев: Македонскиот народ не смее да дозволи Заев да посегне по историјата, јазикот и идентитетот (ФОТО)

Покрај онаа блоката која што денес се случи пред Владата на Република Македонија и онаа пред Министерството за надворешни работи, вечерва од 18ч се блокираа главни крстосници и во голем број градови низ Република Македонија, меѓу кои и Ресен и Струга.

Македонскиот народ е револтиран, бесен и се чувствува измамено. Тоа е првиот впечаток кој може да се забележи насекаде низ државата, вклучително и во овие два града, кои уште еднаш покажаа дека ќе останат на браникот на Татковината додека е тоа потребно.

Вечерва граѓаните на Ресен масовно излегоа на улиците и побараа оставка од Зоран Заев, како и од целокупната владина гарнитура која веќе неколку години наназад распродава национален идентитет, а овој пат се пазари и за македонската историја.

Помеѓу граѓаните присутна беше и пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија”, Олга Лозановска која се обрати кон толпата граѓани им порача дека Македонците и македонскиот народ се познати по истрганите маки во минатото, како и по борбите кои се воделе со векови наназад со цел да се спаси сопствениот народ и земја.

Лозановска потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ како во минатото, така и сега ќе стои рамо до рамо со секој еден чесен граѓанин во борбата за Република Македонија, се додека Зоран Заев не поднесе оставка.

На вечерашните блокади во Струга се обратија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија” Јован Јаулески, како и претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струга, Мирче Аџиоски.
Јаулески посочи дека Македонија се наоѓа на една од најважните крстосници од нејзиното постоење и сега е моментот кога македонскиот народ не смее да погреши, односно не смее да дозволи одродени политичари да посегнуваат по македонската историја и идентитет. Јаулески беше дециден во ставот дека овој пат Македонците нема да отстапат од црвените линии и за нив ќе се борат се додека оваа ненародна власт се откаже од намерата да се пазари со чувствата на граѓаните.

Блокадата во Струга ја одбележа и излагањето на претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струга, Аџиоски Мирче, кој недвосмислено застана рамо со рамо со граѓаните и им порача дека стружани се тие кои ќе го бранат името на сопствената држава, како и националниот идентитет кој ја опфаќа и македонската историја.

Македонскиот народ ќе биде разлеан по улиците низ целата држава, се додека Зоран Заев не поднесе оставка и ги тргне канџите од Република Македонија.

Најнови вести

Коронавирус