среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 137
Во живо

ВО ЖИВО: 31 година ВМРО-ДПМНЕ „Македонија за сите луѓе“

home Вести

Стручна анализа на професор Андревски: Има два круцијални проблеми со концептот за основно образование

Стручна анализа на професор Андревски: Има два круцијални проблеми со концептот за основно образование

Гоце Андревски е професор по стратегија на Квинс универзитетот во Канада.

Тој е стратешки советник и соработник на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и постојано ги следи случувањата во Република Македонија.

Како експерт во својата професија, професор Андревски објави стручна критика за предложениот концепт за основно образование.

Меѓу другото, тој наведува дека:

-Основен предуслов за интегрирање на значењето од одделни научни дисциплини е базично познавање на секоја научна дисциплина поединечно Генерално, нови солуции за проблемите се креираат со комбинирање на знаења од повеќе области. Но, способноста да се поврзат различни елементи од тие области подразбира познавање на суштината на секој од тие елементи. Во спротивно, или учениците нема да согледаат потенцијални врски помеѓу елементите, или ќе направат погрешни врски и интерпретации на елементите. Погрешните интерпретации водат кон погрешни решенија на проблемите.

ЕУРО 2020

Македонија