понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 143
Во живо

Следете во живо: Live chat со Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Стразбур не почнува постапка која не може да ја добие, Маричиќ ќе мopа да се извини за прогласувањето на добрата вест за лaжнa

Стразбур не почнува постапка која не може да ја добие, Маричиќ ќе мopа да се извини за прогласувањето на добрата вест за лaжнa

Судот во Стразбур не почнува постапка ако нема направено проценка дека процесот ќе го добие, велат правните експерти, додавајќи дека министерот за правда ќе треба да се извини и на медиумите но и на тужителите за прогласувањето на добрата вест од Стразбур за „лажна вест“.

Таков е ставот на адвокатот Антонио Апостолски, кој во изјава за „Плусинфо“ тврди дека Судот за човекови права во Стразбур не би започнал постапка која смета дека не може да ја добие.

– По поднесување на жалбата пред Стразбур, ако судот оцени дека е допуштена жалбата ја известува владата пријателски да се спогоди и да даде нејзини наводи. Владата може да понуди определен износ на отштета, а жалителот може, но и не мора да го прифати, потоа судот може да донесе одлука само за висината и да не продолжи да постапува по другите основи на жалбата и да го заврши предметот – вели Апостолски за порталот „Плусинфо“.

Откако ќе биде доставена жалбата пред Стразбур и ако судот утврди дека е допуштена вели Апостолски, ја известува владата да достави писмени наводи за допуштеноста и основаноста на сите или на дел од жалбените наводи во рок од 16 недели, а потоа наводите на владата се доставуваат до жалителот на одговор во рок од 6 недели со доставување на барање за правичен надоместок, објаснува Апостолски за „Плусинфо“.

Илиевски: Има рок во кој треба да се обидеме да постигнеме спогодба

Рокот од 12 недели кој започнал да тече на 22 септември годинава по барањето испратено од Судот за човекови права од Стразбур до Владата на Р.Македонија е веќе започнат, а адвокатот Влатко Илиевски, инаку сопруг на екс-министерката Гордана Јанкуловска, за „Инфомакс“ тврди дека иако таквиот рок тече, тој не очекува од оваа влада да постапи пријателски како што и наложуваат од Стразбур.

– Има рок во кој треба да се обидеме да постигнеме спогодба. Доколку не се постигне спогодба, во тој случај Владата треба да се произнесе по однос на изнесените факти и правна аргументација во апликацијта и да даде одговори на прашањата поставени од страна на Европскиот суд за човекови права, по што и ние како жалители треба да се произнесеме, објаснува Илиевски за „Инфомакс“.

Илиевски изјавата на министерот за правда Бојан Маричиќ кој ја прогласи оваа вест од Стразбур за „лажна“ ја смета за момент на нервоза и обид за релативизрање на процесот кој е во тек пред Европскиот суд за човекови права. Информацијата која на почетокот беше лиферувана можеби не беше доволно прецизна, што можеби се должи на недоволното познавање на постапката пред Судот, но претежок збор е да се квалификува како лажна вест, заклучува Илиевски.

Инаку пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур веќе постои преседан кој може да се искористи во случајот и со жалителите од Македонија, а ова го потврдува и Влатко Илиевски, адвокат на десетмината екс-функционери пред Стразбур.

– Да ние сметаме дека пресудата Лекса против Словачка е апликативна и во нашиот случај.

Претходно професорката од правниот факултет „Јустинијан Први“ Тања Каракамишева објасни дека ваков преседан постои и во повеќе национални судови од земји членки на Европската Унија.

– Судот во Стразбур го потврди тоа што јас, судот во Шведска, судот во Грција и објективната правна фела го зборувавме 2 години, а Шарените потпомогнати од СДС се обидуваа да не тињаат по социјалните мрежи, да не напаѓаат на работното место и да не нарекуваат фашисти, анализираше Каракамишева на нејзиниот ФБ профил.

Она што е дефинитивно е дека министерот за правда Бојан Маричиќ во целост ја излажа Македонската јавност, обвинувајќи ги медиумите дека пренесувале „лажна вест“ од Стразбур, бидејќи како што констатираат и адвокатите на апликантите пред судот, постапката за постигнување на согласност е веќе започната, а габарит како Европскиот суд за човекови права не започнува постапка која смета дека не може да ја добие.

Класична лажна вест е дека судот во Стразбур одлучил аболицијата на Иванов да важи. Она што е точно е дека пред…

Posted by Bojan Maricik on Sunday, October 4, 2020

Калајџиев предупреди

Професорот Гордан Калајџиев нѐ потсети дека уште минатата година предупреди дека предметите на СЈО ќе наидат на искушенија во постапки пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, откако ќе се исцрпат сите правни лекови во домашното право.

Тој во опсежна анализа „Помилувањата на претседателот Иванов во сенка на уставноста на Законот за помилување“ потсетува на случајот „Лекса против Словачка“ („Leхa v. Slovakia“) во кој, како што вели, државата не може да си поигрува со судбините на луѓето, па ако им биде дадено помилување или амнестија од надлежен државен орган, согласно со Устав и закон не може да си поигрува со нивните судбини.

Првата апликација до судот во Стразбур била поднесена од поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талевски пред три години, на 3 ноември 2017 година.

Во 2017 година тужби во судот во Стразбур поднеле и Никола Груевски, поранешен премиер, Тони Јакимовски, поранешен шеф во УБК, Гордана Јанкулоска, поранешна министерка, Тони Трајковски, поранешен градоначалник, како и Едмонд Темелко, градоначалник на Пустец.

Една година подоцна на 27 јуни 2018 година во судот е заведена и тужбата од Сашо Мијалков, поранешен шеф на УБК.

 

извор: infomax.mk 

Коронавирус