понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 62
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

„Стратешкиот тим ќе помогне да се изнајдат решенија со кои Македонија предводена ВМРО-ДПМНЕ ќе застане на здрави нозе“

„Стратешкиот тим ќе помогне да се изнајдат решенија со кои Македонија предводена ВМРО-ДПМНЕ ќе застане на здрави нозе“

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во вестите на МТВ 1 изјави дека тимот од стратешки соработници на ВМРО-ДПМНЕ за обнова на Македонија е тим кој е составен од врвни и докажани интелектуалци кој со свои сугестии ќе помогне да се изнајдат решенија за да може Република Македонија заедно со ВМРО-ДПМНЕ да застане на здрави нозе.

Арсовски истакна дека изминатите три години гледаме дека во Македонија владее една апатија, Македонија тоне и граѓаните живеат се полошо, како на економски план но и целата политичка криза и ситуација со сите коруптивни скандали, токму затоа на Македонија потребна и е обнова во секој поглед.

Ни се случува егзодус , младите но и постарите се повеќе заминуваат од државата, ни се празнат селата и градовите, затоа претседателот Мицкоски состави тим кој што е компетентен, можеме да ги видиме нивни те биографии, нивните портфолија можеме да заклучиме дека е најкомпетентен тим да работи на обнова на Македонија и нормално после долго време Република Македонија да застане на здрави нозе, нормално заедно со ВМРО-ДПМНЕ и со овие 16 интелектуалци, потенцираше Арсовски.

Тој нагласи дека поттикнати од сите проблеми на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период стартуваше со кампања за обнова на Македонија каде што раководството на ВМРО-ДПМНЕ разговара со граѓаните и ги слуша нивните проблеми,а подоцна заедно ќе се подготви програмата која што ќе понуди решенија за проблемите на граѓаните.