понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Стратегијата на СДСМ за распродажба на енергетските капацитети на Македонија

Стратегијата на СДСМ за распродажба на енергетските капацитети на Македонија

Колумна на Стевче Антовски

Неодамна Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, учествувајќи на дебата на „Работењето на државните претпријатија низ призмата на финансиските индикатори“ најави преструктуирање на  претпријатијата во државна сопственост. Изјави дека е започнат процес за избор на компании за физибилити  студии за Македонски пошти и ТЕЦ Неготино и истиот процес ќе следи и за Железници Транспорт, ТЕЦ Осломеј или дел од енергетските капацитети кои функционираат во рамките на АД ЕСМ.

Состојба во која што се наоѓа енергетскиот систем и неговите производствени капацитети ТЕЦ Осломеј, ТЕЦ Неготино и дел од енергетските капацитети кои функционираат во рамките на АД ЕСМ е очајна. Владата на СДСМ во изминативе 4 години водеше погрешна загубарска политика во енергетиката. Само за 4 години власт СДСМ  ќе успее да ги стави на листата на продажба како загубари овие производствени капацитети, што претставува класично разнебитување на енергетскиот систем.

Да се потсетиме што ветуваше СДСМ на претходните парламентарни избори во 2016 и 2020 година. За ТЕЦ Осломеј во 2016 година ветуваа отворање на новиот јагленокоп Поповјани, како и модернизација на ТЕЦ Осломеј. Овој ветен проект не беше реализиран, додека пак во предизборната програма во 2020 година беше целосно исклучен. Сега ќе се изработува физибилити студија според која ќе треба да се утврди на кој начин да се продаде ТЕЦ Осломеј. Целосен енегретски пресврт за кој нема објаснување.

РЕК Битола е во многу лоша функционална состојба, во погон е само тертиот блок и тоа со половична снага, а рудниците се во катастрофална состојба со што не можат да го обезбедат потребниот јаглен. Од друга страна пак хидроцентралите не работат поради непланското трошење на водата во летниот период и сега АД ЕСМ не е во состојба да произведува електрична енергија. Затоа повторно е пуштен во погон ТЕЦ Осломеј, но само со 25 MW од постоечките 125 MW.

Што ветуваа СДСМ за ТЕЦ Неготино во предизборните кампањи во 2016 и 2020 година? Ветуваа дека ТЕЦ Неготино ќе ја претворат во нова електрана на природен гас. СДСМ излажаа како во 2016 така и во 2020 година, ТЕЦ Неготино не ја гасифицираа и не ја претворија во модерна гасна централа, иако на само 4 км од неа поминува гасоводната делница што ја изгради ВМРО-ДПМНЕ. Зошто  Владата на Македонија не инвестира во ТЕЦ Неготино и планира да ја продаде, а во исто време планира да инвестира во гасната централа во Александрополис во соседна Грција. Нема логика да не инвестираш дома во гасни централи, а да планираш да инвестираш во истото во друга држава. Дали СДСМ намерно ги продава нашите домашни производни капацитети за сопствени лични интереси или пак едноставно даваат празни ветувања? Во секој  случај последиците се негативни и огромни, разнебитен македонски енергетски сектор со распродадени производствени капацитети кој што претставува директна потпора на Македонската економска развојна политика, а народот ќе плаќа поскапа струја.

Исто така СДСМ ќе  изработува физибилити студија и за дел од енергетските капацитети кои функционираат во рамките на АД ЕСМ.  Кои се тие делови од АД ЕСМ кои што работат со загуби? Дали под делови на АД ЕСМ кои се нерентабилни, СДСМ планираат да ја вклучат и РЕК Битола, нашиот најголем енергетски капацитет кој што произведува 65% од потребите на ел. енергија. РЕК Битола е во многу лоша функционална состојба, механизацијата е во колапс, во погон е само тертиот блок, а рудниците се во катастрофална состојба со што од далеку неможат да го обезбедат потребниот јаглен. Ова  наликува на сценарио за намерно уништување на комбинатот и негово класифицирање како загубар.

Не смееме да дозволиме  СДСМ да го реализира својот план за нови “бонбона бизниси” со распродавање на енергетските производствени капацитети изградени од народот. ВМРО-ДПМНЕ, како државотворна партија ги предупредува  СДСМ за нивните погрешни енергетски политики и воедно да ја информира Македонската јавност за случувањата во енергетиката.

Енергетските капацитети ТЕЦ Неготино, ТЕЦ Осломеј, РЕК Битола се столбот на енергетскиот сектор, изградени од сите граѓани на Македонија,  градејќи ја  нашата држава и никој нема право да го распродава нашиот имот.

СДСМ ќе останат запаметени по катастрофалното владеење за периодов што го живееме, но ние не смееме да дозволиме реализација на нивните погубни политики.

 

Стевче Антовски, дипл.ел.инж.

Комисија за Енергетика на ВМРО-ДПМНЕ

 

ЕУРО 2020

Македонија