среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Странските инвестиции далеку од Албанците- „Чистката на Заев треба да почне од Анѓушев“, вели Џеват Адеми од ДУИ

Странските инвестиции далеку од Албанците- „Чистката на Заев треба да почне од Анѓушев“, вели Џеват Адеми од ДУИ

Пратениците од опозициските партии Движење Беса и Алијанса за Албанците, Фадил Зендели и Сирија Рашиди го обвинија Премиерот и Вицепремиерот за економски прашања, дека странските инвестиции ги ориентираат кон источна Македонија, а не и во општините каде живеат Албанци.

„Јас сега ги слушам многу министри и претставници на Владата, а го имам слушнато и во минатото истото и сега продолжуваат со истото. Ако имаше инвестиции, тогаш беа насочени кон исток или во Скопје. Јас сум од Гостивар, за овие 30 години независност, таму немаше ниту една странска инвестиција“, изјави Фадил Зендели од Беса.

Сирија Рашиди од Алијанса за Албанците, рече дека за странските инвестиции одлучуваат Премиерот и Вицепремиерот за економски прашања, а не Министерот за економија.

„За жал се користи праксата премиерот или вицепремиерот за економски прашања на директен начин да се ангажираат со овие прашања. Јас знам и конкретен пример, инвеститор од Турција бил условен каде да инвестира. Дошол инвеститор, сакал да инвестира во зони каде главно живеат Албанци и Турци. Го условиле – ако нема инвестиции во исток, нивната инвестиција нема да помине“, изјави Сирија Рашиди од Алијанса за Албанците.

И пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, рече дека чистката на Заев треба да почне токму од вицепремиерот, Анѓушев.

„И за мене е загрижувачки впечатокот, не фактот, дека вицепремиерот за економски прашања странските инвестиции ги ориентира кон централна и источна Македонија, тоа е скандалозно. Чистката на Заев треба да почне од него“, рече во студиото на ТВ21, Џеват Адеми од ДУИ.