сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 67
home Вести

Стотина илјади евра од граѓаните за пејачите да ја промовираат Северна

Стотина илјади евра од граѓаните за пејачите да ја промовираат Северна

Коалицијата „Излези ЗА европска Македонија“, од која Владата се дистанцира, иако е еден од двата столба, ако не и единствениот, најцврстиот, на референдумската кампања, не открива колку пари на граѓаните се потрошени на хонорари за изработка и изведба на промотивниот спот, во кој учествуваат редица врвни музички имиња: Златко Ориѓански, Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ, Виолета Томовска, Драган Спасов Дац, Ѓоко Танески, Бени Шаќири, Кристина Арнаудова, Гиш, Викторија Лоба, Владо Јаневски, Бубо Каров, Дарио, пишува порталот Република.

Оттаму не откриваат ниту колку пари на граѓаните се потрошени, музичари во речиси истиот состав, да излезат на бината во Скопје и да ги забавуваат граѓаните за време на марошт за европска Македонија, кој се одржа во неделата. Во неделата во Скопје настапија: Златко Ориѓански, Тамара Тодевска, Александар Митевски, Виолета Томовска, Драган Спасов Дац, Ѓоко Танески, Бени Шаќири, Кристина Арнаудова, Гиш, Викторија Лоба, Владо Јаневски, Ферус Мустафов.

Овие прашања, од „Република“ вчера му ги поставиле на портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, кој ги препратил на адресата на коалицијата, која го органзиирала настанот, но одговор не добиле ниту од коалицијата „Излези ЗА европска Македонија“.

Додека чекаме да се пребројат и да ни одговрат, нашите пресметки се дека за музичкиот спот, настапот на маршот и настапите за промоција на кампањата музички имиња од калибарот на Тамара, Владо Јаневски, Кристина Арнаудова, Дани, Ферус… го олесниле џебот на граѓаните за стотина илјади евра, додава порталот.

Коронавирус