четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 38
home Вести

Сторија на ТВ21: Солзи и тага во автобусот за Германија, брат се разделува од брат заради подобар живот

Сторија на ТВ21: Солзи и тага во автобусот за Германија, брат се разделува од брат заради подобар живот

Часот е 9 наутро. На автобуската станица во Гостивар, пегратки и солзи. Се разделува брат од брат, а кога ќе се сретнат повторно, никој не знае. Коферите подготвени за Германија или некоја друга европска држава. Не е важно каде. Онаму, каде што ќе најдат работа. Роднините тешко ги поднесуваат разделбите со нивните најблиски.

Емотивната сторија на ТВ21 ја пренесуваме во продолжение:

“На пат кон Хамбург“

“Среќен пат, не се грижи“.

Автобусот на компанијата НАСИР ТУРС се сообраќа на редовната линија Охрид – Хамбург. Само за за ова патување продадени се 44 билети.

Откако се сместија на своите места, автобусот тргна на пат на печалба.

“Во Македонија работев во општина Бутел, но многу мала плата, за 12 илјади денари, многу малку е. Принуден сум да одам на печалба. Бев во Швајцарија во 1998, ова е втор пат да одам за Германија, знам малку германски јазик“, ни рече жител на Скопје.

Сунај и Хајруш не се познаваат, но ги обедини патот за на печалба. Велат дека одат со надеж дека животот ќе им се смени на подобро. Но, тешко им е што ја напуштаат татковината.

„За Германија, Берлин. Бев претходно, останав 2 месеца. Дојдов овде за 10 дена и повторно одам. Порано работев во градежништво и тука и таму. Имам стан, пријатели и семејство. Одам за подобар живот. Овде тешко“, рече Сунај Тахири од Скопје.

„Одам во Германија, Берлин. Имам семејство таму. Петти пат одам таму. Од Скопје сум. Овде работев но слабо, не стасува за живот затоа сакам да одам“, рече Хајруш Камбери од Скопје.

Автобусите секој ден превезуваат луѓе од Македонија кон европските држави. Ако продолжи вака, нема да останат луѓе во земјава. Граѓаните заминуваат за подобар живот.

Коронавирус