понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Стоматолозите го одложија протестот

Стоматолозите го одложија протестот

Протестот на стоматолозите, кој беше закажан за среда (06.11.2019) е одложен, пренесе телевизија „Телма“.

Тие денеска се сретнаа со министерот за здрвство Венко Филипче, и му ги кажаа своите барања капитацијата да биде фиксна, а не по пациент.

Преговорите ќе продолжат во петок, а дали ќе има некаков договор се очекува да се знае во средината на декември, а до тогаш, работни групи од министерството и претставници на стоматолозите ќе преговараат за барањата на стоматолозите.

Инаку, стоматолозите уште пред една недела закажаа протест пред Министерството за здравство за на шести ноември напладне. Со слоганот „Да ја вратиме насмевката на стоматолозите“ да ги покажат барањата кои ги имаат.

Коронавирус