петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 160
home Вести

Стоматолози утре на протест пред Министерство за здравство

Стоматолози утре на протест пред Министерство за здравство

Македонското Здружение на Стоматолози Специјалисти утре во 11 часот ќе протестира пред Министерството за здравство.

-Би сакале да ве известиме дека на 6 декември, во 11 часот, Стоматолозите специјалисти од целата држава со поддршка на Стоматолошката комора на Македонија, ќе го изразат своето незадоволство со масовен собир пред Министерството за здравство. Многу години се обидувавме да се слушне нашиот глас и да најдеме заедничко решение за проблемите со кои се соочуваме и за штетноста на договорите со ФЗО, но за жал не добивме никаков одговор. Затоа сме приморани на друг начин да го изразиме нашето незадоволство, стои во нивното соопштение.

Коронавирус