вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Столтенберг пред пратениците: Сакаме да бидете дел од НАТО, но мора да се реши проблемот со името

Членките на НАТО се охрабрени од постигнатото во изминативе девет месеци и вчерашните разговори за името во Њујорк, изјави Столтенберг, укажувајќи дека Македонија ќе може да стане членка само со решен проблем за името со Грција.
Столтенберг пред пратениците: Сакаме да бидете дел од НАТО, но мора да се реши проблемот со името

Сѐ уште има место за нови знамиња пред седиштето на НАТО. Алијансата е отворена за нови членки, Македонија треба да ја искористи шансата за прием, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред пратениците во Собранието.

Членките на НАТО се охрабрени од постигнатото во изминативе девет месеци и вчерашните разговори за името во Њујорк, изјави Столтенберг, укажувајќи дека Македонија ќе може да стане членка само со решен проблем за името со Грција.

-Има уште многу работа на реформите, но НАТО ќе продолжи со поддршката, рече Столтенберг.

Тој ја поздрави намерата Македонија да ги зголеми воениот буџет и бројот на македонски војници во мировните операции на Алијансата.

-Земјите- членки се импресионирани од вашата посветеност и ентузијазмот, за да се приклучите на Алијасата. Сакам да успеете, НАТО сака да успеете, но добро е да се биде амбициозен, но важно е да се биде и реален. Има уште работа што треба да се сработи. Ова секако значи решавање на прашањето со името на вашата земја, нагласи Столтенберг во обраќањето.

За време на неговото обраќање пред Собранието стотина граѓани протестираа против членството во НАТО со промена на името.

Коронавирус