вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Столтенберг од Скопје заминува за Атина

Столтенберг од Скопје заминува за Атина

Генералниот секретар на НАТО по средбите во Скопје заминува за Атина каде што вечер ќе има работна вечера со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, посетата на Грција на Јенс Столтемберг ја најавија од прес центарот на НАТО, но и од кабинетот на грчкиот премиер.

Според соопштението од НАТО, =генералниот секретар денеска и утре ќе биде во Грција, а вечер ќе се сретне со Ципрас.

Од кабинетот на грчкиот премиер соопштуваат дека Алексис Ципрас утре ќе се сретне и со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан кој е во работна посета на Атина. (МИА)

Коронавирус