недела, 9. мај 2021. Вести денес: 104
home Вести

Столтенберг на 17 и 18 јануари во Скопје

Столтенберг на 17 и 18 јануари во Скопје

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на 17 и 18 јануари ќе ја посети Македонија. На 18 јануари напладне тој ќе се обрати пред пратениците во Собранието на Република Македонија, јави МИА.

Се очекува генералниот секретар на Алијансата да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, со лидерот на опозицијата Христијан Мицковски, како и со министерите за надворешни работи и за одбрана Никола Димитров и Радмила Шекеринска.

Посетата на Столтенберг коинцидира со интензивирањето на активностите за решавање на проблемот со грчкото оспорување на името на Македонија, што ја попречува македонската интеграција во НАТО и ЕУ. На 19 јануари во Њујорк, пак е предвидена и нова средба на медијаторот Метју Нимиц со претставници на Грција и на Македонија.

Коронавирус