среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 17
home Вести

Столтенберг денеска и утре во официјална посета на Македонија

Столтенберг денеска и утре во официјална посета на Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија. За време на оваа дводневна посета, Столтенберг и членовите на Северноатлантскиот совет, ќе имаат средби со претставници на државниот врв со кои ќе разговараат за процесот на пристапување на земјава во Северноатлантската алијанса.

Ова е прва посета на Столтенеберг и високи претставници на НАТО на земјава по потпишувањето на протоколот за членство на Македонија во Алијансата, што досега го ратификуваа 13 од 29-те земји членки.

По ратификацијата од страна на сите сојузници, земјава и официјално ќе стане 30-та полноправна членка на НАТО.