вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 140
home Вести

Стојкова- Серафимовска: Законот за научна истражувачка дејност не дава точни временски рамки за кој се однесува неговото пролонгирање

Стојкова- Серафимовска: Законот за научна истражувачка дејност не дава точни временски рамки за кој се однесува неговото пролонгирање

Велика Стојкова- Серафимовска на денешната седница на Собранието зборуваше за Законот за научна истражувачка дејност и според неа е проблематичен зошто не дава точни временски рамки за кој се однесува неговото пролонгирање бидејќи доколку се однесува за некој кој што се запишале на докторат помеѓу 2010- 2015 ова е премногу и ова нема да го подржам.

-Вие дадовте еден осврт на состојбата сега на вработени помлади асистенти и асистенти кои веќе имаат запишано докторски студии меѓутоа докторски студии запишани во текот на овие неколку години. Но, да не заборавиме дека таму има и заостанати случаи на помлади асистенти и асистенти кои ниту магистрирале ниту докторирале. Досега ова е трето пролонгирање на рокот, значи имаше пролонгирано од 2010- до 2015 и после 2016 уште еднаш пролонгирани од 2015 до 2020, сега даваме трет рок, значи тоа се пролонгира за 15 години се дава време. Најпрво ќе укажам дека во најновите закони по најновите критериуми и на УКИМ и според Законот за научна- истражувачка дејност е многу проблематично е како се овие луѓе особено во 2018-2019 година како се вработени, како помлади асистенти бидејќи самиот назив помлад асистент не се сретнува веќе ниту во правилникот за избор на научни соработнички звања, ниту во Законот за високо образование, ниту пак во Законот за научно-истражувачка дејност што значи дека ова е самото по себе проблематично како се тие воопшто вработени како помлади асистенти, рече пратеничката.

Стојкова-Серафимовска во своето обраќање рече друга работа што е исто така дискутабилна е што точно дека има одлив на кадар, но доколку еден научник кој што претендира да биде научник се вработи во научна институција и во рок од 3 години не магистрира и не докторира дополнително уште три години притоа знаете дека за докторат може да се побара и продолжување од други причини отприлика до 5 години, ако никој во рок од 8 години не магистрил ни докторирал според нejze на тој човек местото не му е во науката.

-Да работиш во научно-истражувачка институција и да дозволиш за 8 години да не ги завршиш сите потреби кои што се бараат тогаш тоа е веќе проблематични. Овој закон е проблематичен што не дава точни временски рамки за кој се однесува неговото пролонгирање бидејќи доколку се однесува за некој кој што се запишале на докторат помеѓу 2010- 2015 ова е премногу и ова нема да го подржам. Барам да се допрецизира за кого важи ова продолжување, дали важи за тие што се запишани 2019/2020 кој по регуларен пак ќе си го завршат или се бара за некои заостанати колеги од овие институти кои ги спомнавте кои едноставно го пропуштиле возот и сега бараат дополнително уште 5 години продолжување, додаде пратеничката

Коронавирус