четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Вести

Стојкова Серафимовска: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ покажа конструктивност по гласањето на петтиот пакет на мерки, секогаш е тука за доброто на граѓаните

Стојкова Серафимовска: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ покажа конструктивност по гласањето на петтиот пакет на мерки, секогаш е тука за доброто на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период покажа многу голема одговорност пред се општествена и граѓанска одговорност. Бидејќи знаеме во каква состојба е државата. Особено пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ работи доста конструктивно. Значи ние сме насочени во насока да бидеме тука за доброто на граѓаните. Е, сега кога велиме за доброто на граѓаните секако дека според нашите некои сознанија, анализи, значи сето она што ние го добиваме и се подготвуваме за секоја точка на дневниот ред и за секој закон како материјал што го добиваме, значи не сите закони кои што се предлагаат се за доброто на граѓаните, истакна Велика Стојкова Серафимовска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во „Утрински Брифинг“.

Стојкова Серафимовска додаде дека одредени закони оставаат простор за некои подлабоки забелешки и за поголема расправа.

-Во однос на поместувањата, можете да видите и по вчерашната седница дека имаше поместувања, ние сакаме дискусија, пред се Собранието, Парламентот е за да се дебатира и да се дискутира, појасни Стојкова Серафимовска.

Стојкова Серафимовска посочи дека поради конструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ минатата недела го изгласа и петтиот пакет на мерки со цел да се помогне на стопанството и на граѓаните.

-Ние рековме дека секогаш како пратеничка група ќе бидеме тука за поддршка на граѓаните, нагласи Стојкова Серафимовска.

Коронавирус