четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 131
home Вести

Стојкова Серафимовска до Димитров: Во изминативе четири години македонските граѓани доживеаја од вас единствено бришење на името Македонија

Стојкова Серафимовска до Димитров: Во изминативе четири години македонските граѓани доживеаја од вас единствено бришење на името Македонија

Господине Димитров Вие во Вашето обраќање зборувавте доста за достигнувањата на Македонија во однос на Извештаите кои што ги добиваме од ЕУ по различни платформи и по различни основи. Но, она што јас го забележав е дека во ниту еден момент не се осврнавте на состојбата дома во Македонија, односно како македонската јавност ги перцепира резултатите од Вашата работа. Значи ќе се вратиме наназад, сите се враќаме наназад но не можеме да ги избегнеме тие моменти, бидејќи ваквата перцепција произлегува од потпишувањето на Преспанскиот договор и договорот за добрососедство со Бугарија, кои што имено Вие ги потпишавте. Па каква е перцепцијата на македонската јавност? И што се случи потоа? Значи, ќе зборуваме за последиците од каде што произлегува потребата за интерпелација и која е основната причина за интерпелација, рече Велика Стојкова Серафимовска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ на денешната собраниска седница.

Стојкова Серафимовска додаде дека во изминативе четири години македонските граѓани доживеаја бришење на името Македонија, но не само на Македонија туку и на придавката македонски во сите државни институции. Тоа го предвидуваше членот седум на Преспанскиот договор.

„Па така ние денес немаме Македонска филхармонија, немаме Македонска опера и балет, дури и името на музејот на Македонија е сменето иако во многу други држави музеите ги добиваат придавките како естонски, латински, француски, македонски. Но, ние немаме македонски музеј туку имаме музеј на С. Македонија, не сакам да го изговорам ниту името“, истакна Стојкова Серафимовска.

Стојкова Серафимовска посочи дека последната најболна капка на македонските граѓани е разнебитувањето на македонскиот национален идентитет по барање на источниот сосед, за промена на македонската историја и негирање на постоењето на македонскиот јазик.

„Вие постојано, па дури и сега во неколку реплики и контрареплики рековте дека ваша цел е да ги штитите македонските национални интереси, идентитет, јазик и сл. Но, она што мене ми е многу забележително е господине Димитров дека ова го кажувате само на македонски јазик, никогаш не го слушнавме ваква изјава да дадете на англиски јазик или на некој друг јазик. Односно никогаш не слушнавме ваква изјава да дадете за некоја странска телевизија, медиум, интервју или било што“, нагласи Стојкова Серафимовска.

ЕУРО 2020

Македонија