среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 82
home Вести

Стојкоски: Се чистат депониите во Ѓорче Петров со помош на Град Скопје, Ново Село конечно ќе добие зелена површина

Стојкоски: Се чистат депониите во Ѓорче Петров со помош на Град Скопје, Ново Село конечно ќе добие зелена површина

„Отпадот ни претставува голем проблем, и тоа не само на општината Ѓорче Петров туку од она што го имам од контакти и комуникација со другите градоначалници е дека имаме сериозен проблем со овие ѓубрлишта, тоа не се ниту депонии бидејќи таму нелегално се фрла различен тип на отпад. Ние започнавме веднаш со расчистување на депонијата во Ново Село, тоа е проект на општината Ѓорче Петров но работиме и во координација со Градот Скопје кои ни помагаат и на други локации. Ние во општината Ѓорче Петров генерално имаме детектирано четири места поголеми вака каде што се одлага нерегуларно отпад од најразличен карактер, имаме едно во Орман, едно на патот од Волково према Орман, ова во Ново Село и исто така имаме во Ѓорче 2 на влезот на Скопје практично покрај реката Вардар“, истакна Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров во утринска програма на Алфа телевизија.

Стојкоски додаде дека екипи на Градот Скопје работат на расчистување на овие места, но исто така работат и на сервисната улица која излага на улицата „Марк Твен“, исто така и таму работат на расчистување на некои помали депонии.

„Видете депонијата во Ново Село е со огромна површина, она што е останато е некаде околу 7 хектари, и најголемиот дел на кабаст отпад, комунален отпад кој што бил трупан таму низ годините го одлагаме со возила во депонијата Дрисла. Додека пак она што е земјен дел го порамнуваме. И треба да следи наредна фаза на донесување на нова хумусна површина и дополнително да го зазелениме просторот во прва фаза“, појасни Стојкоски.

Стојкоски посочи дека делот кај Ново Село треба да се зазелени, треба да се оплемени со функционални содржини и тоа ќе оди во повеќе чекори. И тоа се зависи од тоа како ќе бидат буџетските можности на општината.

Коронавирус