сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 94
home Вести

Стојкоски изрази сочуство до семејството на Благоја Дончев

Стојкоски изрази сочуство до семејството на Благоја Дончев

Сакам да изразам мое лично сочуство до семејството на Г-дин Благоја Дончев, долгогодишниот Претседател на управен одбор и генерален директор на ADING , компанија со база во нашата општина и гигант во градежната индустрија, стои во Фејсбук објавата на идниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Тој напиша дека пред повеќе години имал прилика да разговара со Дончев и бил воодушевен од светскиот успех на македонската компанија.

– Компанијата изгуби пред се човек, родител и еден од најголемите визионери во нејзината историја. Дополнително, неговата големина и значајна улога во македонската економија е што преку свој личен пример и посветеност, успеа да го пренесе неговиот ентузијазам многу пошироко, секогаш нагласувајќи дека и останатите македонски компании можат и мораат да создаваат брендови кои ќе излезат вон нашите граници, додава Стојкоски во својата објава.

Коронавирус