сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 73
home Вести

Стојановски: Општина Илинден нема долгови, ние пријавивме обврски и врз основа на истите добивме средства

Стојановски: Општина Илинден нема долгови, ние пријавивме обврски и врз основа на истите добивме средства

Градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски во денешното гостување на Телма телевизија истакна дека во однос на распределбата на средства од страна на централната власт, општината Илинден нема никикви долгови и средствата кои се добиени се по основ на пријавени обврски.

Тој вели дека распределбата на средствата од страна на владата, дилема е дали е правилна или не, целта треба да биде општините да излезат од криза особено посериозно задолжените.

-Општините кои не биле задолжени или помалку задолжени треба да се стимулираат во следниов период со подршка на проекти кои се приоритетни за реализација, вели Стојановски.

Градоначалникот објасни дека сега треба општините да добијат поддршка од владата за да се изедначи поддршката од централната власт во делот на инвестиции кои се потребни, за капитални прокети кои општините не можат да ги направат сами.

-Треба да се даде поддршка за средства, пример за бизнис секторот, кој креира работни места со кои се намалува невработеноста. Младите ќе ги задржиме единствено со добри квалитетни работни услови во близина на местата на живеење, вели Стојановски.