недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 0
home Вести

Стојановски: Имаме јасна визија, општина Илинден да прерасне во урбана, атрактивна и конкурентна општина

Стојановски: Имаме јасна визија, општина Илинден да прерасне во урбана, атрактивна и конкурентна општина

Покрај многубројните предизвици во изминатиот период, во првите 100 дена по локалните избори, користејќи ги нaшите расположливи потенцијали, искуства, знаења и капацитети, целосно се насочивме кон реализација на планираните проекти со цел обезбедување на одржлив локален економски развој и просперитетна иднина на локалната заедница, истакна на прес-конференција градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Наша определба во изминатиот период беше и останува интензивирањето и развојот на економската инфраструктура, особено подобрувањето и изградбата на транспортната, комуналната и енергетската инфраструктура во стопанските комплекси и локалните економски зони, преку кои отворавме можности за привлекување на нови домашни и странски инвестиции, давање поддршка на постојните, а сето тоа во насока на  отворање на нови реални слободни работни места.

Водечките идикатори за одржлив локален економски развој покажуваат зголемување на бројот на инвестиции и отворање на нови, реални, слободни работни места и намалување на невработеноста.

Инвестициските патишта водат кон општина Илинден, како резултат на прогресот во привлекување и ефектуирање во реализација на инвестиции, оптимално искористување на можностите и ресурсите во овозможување на поволни услови за влез на нови инвеститори и поддршка на постојните стопански субјекти.

Во периодот по локалните избори извршивме докомплетирање на системот за зафаќање, третман и одведување на отпадни фекални води во населеното место Марино (припадна површина 1), каде што се поставени 4000 метри канализациска мрежа и пречистителна станица со капацитет од 1250 еквивалент/жители на која се приклучени 300 домаќинства.

Извршивме целосно санирање и асфалтирање со зафаќање на атмосферските води на 7 локални улици оштетени од изградбата на фекалната канализација во вкупна должина од 1500 метри.

Се изврши и реконструкција и асфалтирање на дел од локалниот пат Кадино-клучка автопат М1 во должина од 300 метри.

Во делот на заштита на животната средина извршиме уредување, чистење и нивелирање на отворените одводни канали на критичните локации на каналската мрежа во должина од 5 500 метри.

Пред нас се голем број на проекти, кои ги посочија жителите на општина Илинден, во делот на подобрување на локалната патна инфраструктура, изградба, реконструкција и рехабилитација на општинските улици и патишта, подобрување на инфраструктурата во локалните економски зони и стопанските комплекси, изградба на мостови, пешачки и велосипедски патеки,  изградба на фекална канализација со пречистителни станици, зафаќање на атмосферските води со континуирано чистење, нивелирање  и одржување на отворените одводни канали, проекти во областа на енергетската ефикасност во јавните општински установи, реализација на повеќе инвестиции во образованието, културата, спортот, кои со заедничко залагање и ангажирање ќе ги реалзираме за подобрување на квалитетот на живеење и животниот стандард на жителите.

Имаме јасна визија, општина Илинден да прерасне во урбана, атрактивна и конкурентна општина во регионот и пошироко, со создадени услови за одржлив економски и социјален развој, како и квалитетен живот на населението. Општина Илинден да прерасне во препознатлива, потврдена, економски силна урбана општина со современи услови за живеење и стопанисување, каде што образованието, знаењето и ИКТ се императив за растечкиот стандард на човечкиот капитал.

Засилувањето на локалната демократија, граѓанското учество, развојот на човечкиот капитал и одржливиот приход на граѓаните на општината се приоритети во општинското работење. Затоа се вложуваат сите напори за транспарентност, отчетност, финансиска стабилност и ефективност во извршувањето на општинските услуги.

Да ги искористиме силните страни на Општина Илинден !

 

Коронавирус