вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Стојановска: Со предлог буџетот за 2020 година СДСМ ја краде иднината на граѓаните

Стојановска: Со предлог буџетот за 2020 година СДСМ ја краде иднината на граѓаните

На денешната расправа во комисијата за финансирање и буџет за предлог буџетот за 2020 година пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска изјави дека со предлог буџетот за 2020 година СДСМ ја краде иднината на граѓаните и го ограничува развојот на државата. Според Стојановска владата на СДСМ на чело со Зоран Заев водени единствено од пополистички побуди и интереси се обидува преку предизборен поткуп да ги затскрие катастрофалните резултати од лошите економски политики кои што ја уништуваат македонската економија и го загрозуваат економскиот просперитет на Македонските граѓани.

– Буџетот на Заев и Ангеловска е најнеразвојниот буџет кој Македонија некогаш го имала, Заев и Ангеловска најдоа пари за се само не за капитални инвестиции и други инфраструктурни проекти кои креираат трајна вредност. Одвојувањето на само 380 илјади евра за капитални инвестиции кога буџетот ни е проектиран на 3, 9 милиони евра е навистина жално. Нема пари ниту за нови енергетски капацитети. Ништо од најавените Чебрен и Галиште, пренамената на ТЕЦ -Неготино, или вложувањата во РЕК-Битола и Осломеј- Нагласи Стојановска.

Во понатамошната дискусија Стојановска образложи како според неа Зоран Заев и Нина Ангеловска ги залажуваат многупати до сега и пензионерите. Според неа три години по ред им скратиле по 600 денари покачување, за сега да им ветуваат 700 денари од Јануари следната година.

-Заев ги оштети пензионерите за 1800 денари досега пари кои што ќе ги имаа доколку Заев не беше на власт. Дополнително покачувањето на минималната плата со која што се фалат не се реализира во пракса бидејќи работниците се принудени да враќаат дел од парите на рака а институциите не превземаат ништо во однос на тоа. Да се грижевте вие така искрено за пензионерите земјоделците, здравствените и просветните работници вие уште на стартот на вашето владеење, односно во првите 6 месеци барем како што ветувавте за докторите ќе им ги зголемивте тогаш примањата. -Додаде Стојановска.

Според Стојановска, СДСМ на ова се сетиле дури кога се договорија предвремените парламентарни избори за во април следната година.

– Во здравството имаме уште едно промашување, односно по не знам кој пат не реализирано ветување. Заев вети бесплатно здравство за сите, а пари за тоа во буџетот повторно нема. Намалени се средствата за реконструкција и доградба на објектите на јавните здравствени установи, намаленини се средствата за превенција за кардио васкуларни болести и конечно за 154 милиони денари е намеален буџетот за целосно здравствено осигурување и здравствена заштита на граѓаните на Република Македонија- Заклучи Стојановска.

Според неа нема пари ниту за земјоделците на кои им беше ветувана зелена нафта а завршија со бонови од 500 денари и тоа за само 50 000 земјоделци во услови кога во државава има над 100 000 земјоделци. Според Стојановска јасно е зошто Заев не инвестира во развој на државата,бидејќи како што вели таа тој инвестира во потенцијален изборен поткуп.

Коронавирус