петок, 10. јули 2020. Вести денес: 115
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Вести

Стојановска: Неказнивоста сега, ќе значи поддршка на расистичките и нацистичките тенденции во СДСМ

Стојановска: Неказнивоста сега, ќе значи поддршка на расистичките и нацистичките тенденции во СДСМ

Зоран Заев наместо да пишува празни памфлети на социјалните мрежи веднаш да ги разреши Мерсиха Смаиловиќ од позицијата во СДСМ и Зоран Бојаровски од позицијата советник на премиерот во владата, рече на денешната прес-конференција Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Антисемитизмот и говорот на омраза од функционери на СДСМ не смее да остане неказнет. Празната осуда без конкретни дела е поддршка за нападот на верска и национална основа врз Рашела Мизрахи од функционери на неговата партија. Неказнивоста сега, ќе значи поддршка на расистичките и нацистичките тенденции во СДСМ. Осудите за антисемитизмот на СДСМ стигнаа од повеќе места во светот, но Зоран Заев останува нем на осудите и не ја разрешува Мерсиха Смаиловиќ од партиската функција, ниту Зоран Бојаровски од државната функција. Сите го гледаме вистинското лице на Зоран Заев, тоа е лице на ширење на омраза и поделби. Атмосферата за шиканирање на различностите е креирана од Зоран Заев, истакна Стојановска.

Нездравиот амбиент во општеството мора да се искорени. Македонија мора да биде држава во која секој ќе се чувствува безбеден, додава таа.

Парламентарни избори 2020