вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 89
home Вести

Стојановска: Договорот со Грција дозволува мешање на Грција во внатрешните односи на Република Македонија

Стојановска: Договорот со Грција дозволува мешање на Грција во внатрешните односи на Република Македонија

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Јовановска – Стојановска во гостувањето во емисијата „Референдум“ на МТВ телевизија вели дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на влезот во ЕУ и НАТО е јасен и тоа стои во статутот на партијата.

„Проблемот е во капитуланскиот договор. Не може да ми биде пријател оној што ме поништува. Овој договор ќе го поништи постоењето на Република Македонија, договор со кој и се дозволува мешање на Република Грција во внатрешните работи. Договор во кој што нашата страна има се прифатено само да се реши спорот.ВМРО-ДПМНЕ не го кочи процесот за влез во ЕУ и НАТО. Консезуално седнавме и ги гласавме реформските закони, но меѓутоа во однос на ова прашање не може СДСМ во нас да бара соучешништво за утре да ја делиме одговорноста“, рече Стојановска.

Стојановска уште еднаш повтори дека ВМРО-ДПМНЕ не е против влез во ЕУ туку е против овој договор. Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ си води своја кампања, оди кај своето членство, од врата на врата и за разлика од СДСМ не води скапа кампања. Таа на крај додаде дека во целата оваа работа испуштен е еден збор и треба на слоганот кој цело време го користат СДСМ да се додаде Европска Северна Македонија.

Коронавирус