среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 169
home Вести

Стојаноски: Заев и СДСМ туркаат фалсификат попис, наместо статистичка операција прават политички договор

Стојаноски: Заев и СДСМ туркаат фалсификат попис, наместо статистичка операција прават политички договор

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната прес-конференција истакна дека Зоран Заев и СДСМ туркаат фалсификат попис. Тој вели дека наместо статистичка операција прават политички договор.

-Пописот е најголемата статистичка операција во една држава, која се темели на стриктна методологија, со цел да се добијат податоци за бројот на населението, неговата возраст, распореденост по општини и региони. Податоците од пописот се исклучително важни за државата и нејзините институции во планирањето на политиките на среден и долг рок, затоа и тој се спроведува на 10 години. Пописот во ниту еден случај не смее да биде исполитизиран и спроведен нестручно, но токму тоа го прави СДСМ. Зоран Заев од пописот наместо статистичка операција прави политичка операција. Власта го турка целиот процес без поширока консултација со опозицијата и другите релевантни чинители. Заев целосно ја исклучува јавноста и предлозите на опозицијата водејќи го процесот без консензус. Зоран Заев исто како што организира талибански избори, сега сака да организира талибански попис. За таквиот талибански попис, Заев го злоупотребува европското знаменце за носење на закони, со што пописот, кој што не е закон за усогласување со европската пракса го турка по брза постапка во Собранието, нагласува Стојаноски.

Пратеникот го повикува Заев да се откаже од спроведување на, како што вели, талибанскиот попис, затоа што не само што ВМРО-ДПМНЕ нема да го признае, туку и државата нема да има релевантни статистички податоци.

Оттука ја повикуваме власта да ги прифати предлозите кои ги даде ВМРО-ДПМНЕ:
1.Да се набават 10.000 терминали за отчитување на отпечатоци од прст и да се попише резидентното население. Тие терминали ќе бидат со можност за отисок од прст и само така ќе се изврши реален попис, кој ќе ни даде реални статистички информации.

Со терминали за отисок од прст ќе се изврши реален увид на сите резидентни граѓани и со тоа ќе се изврши дистинкција од граѓаните кои имаат државјанство, од актуелните резиденти.

2.Објавување на методологијата според која се планира пописот, и овозможување на пошироката засегната и стручна јавност да даде допринос во насока на подобрување.
Овие две работи власта мора да ги прифати, доколку целта и е спроведување на попис, а не политички договор кој ќе има само употреба за едни избори.

-Туркање на пописот на сила е кобно за државата. Токму затоа попис каков што сака СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ нема да признае, посочува Стојаноски.

Коронавирус