понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 206
home Вести

Стојаноски: Заев е монструмот кој градеше кариера со лаги за случајот „Монструм“, треба да одговара

Стојаноски: Заев е монструмот кој градеше кариера со лаги за случајот „Монструм“, треба да одговара

Зоран Заев бесрамно од 2015-та па наваму, со години печалеше политички поени со случајот „Монструм“. Со јавни изјави ширеше лаги дека лицата обвинети и осудени за убиството кај Смилковското езеро лежат во затвор невини, шпекулираше дека имал бомби кои ќе откриле страшна вистина, манипулираше дека власта стоела зад свирепото убиство, валкаше имиња и на крајот си поигруваше со судбината на жртвите и нивните семејства, изјави на денешната прес конференција, Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Сега сите негови лаги излегоа на виделина. Затоа Заев е поголем монструм од самите убијци, бидејќи ја убиваше јавноста и роднините на жртвите сите овие години со своите лаги. Тој уште без срам денес во својот добро познат стил, „кажувам, негирам, заборавам“, одрекува дека ширел токсични лаги во јавноста сите овие години, вели тој.

Стојаноски тврди дека  не само за случајот со грозоморното убиство кај Смилковското Езеро, Заев вакви конструкции и политички злоупотреби правел и на трагедиите во случајот со малата Тамара, смртта на Мартин Нешковски, Никола Младенов, па и за случувањата во Диво Насеље.

– Целта е јасна, систематски да ја убива вистината и да шири магла во јавноста со цел политички да профитира од нечија судбина. Во меѓувреме како по правило додека Заев шири лаги, ниту еден од случаите нема разрешница или пак вистината излегува на виделина, но штетата е огромна, бидејќи виновниците бегаат од правдата како во случајот со Нешковски, посочи тој.

– Македонија си има работа со Заев кој е патолошки лажго кој преку трагичните судбини градеше кариера и печалеше политички поени. За овие негови лаги и конструкции еден ден мора да одговара, додаде Стојаноски.

 

Најнови вести

Коронавирус