петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Вести

Стојаноски: Време е народот да излезе на блокадите, не може Бучковски и Заев тајно да договараат во име на Македонија

Стојаноски: Време е народот да излезе на блокадите, не може Бучковски и Заев тајно да договараат во име на Македонија

„Од аспект на одлуката ја повикувам ЕУ да даде зелено светло за да Македонија може да ги започне преговорите, заради тоа што е долгогодишен труд и ветување од нивна страна како и многу би кажал и откажувања кои што ги претрпе македонскиот народ “,истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во изјава за вести на Алфа телевизија.

Стојаноски додаде дека опозицијата будно ја набљудува власта.

„Како ќе се развива ситуацијата, така и ние ќе ги носиме нашите одлуки, конкретно за наредните три дена ние сме на блокадите со три локации во градот Скопје, како и десет града во Република Македонија“, рече Стојаноски.

Стојаноски го повика народот да излезе на блокадите бидејќи има право да знае што Заев и Бучковски договараат во официјална Софија.
„Им се извинувам на сите оние кои што ќе бидат затечени во сообраќајниот метеж но мора да знаат дека цената на ова е македонскиот идентитет, македонската историја, македонскиот јазик, а тоа нема цена“, нагласи Стојаноски.

Коронавирус