сабота, 25. јуни 2022. Вести денес: 17
home Вести

Стојаноски: Власта повторно на шверцерски начин сака да носи закони во собранието

Стојаноски: Власта повторно на шверцерски начин сака да носи закони во собранието

Во услови кога во Република Македонија инфлацијата е 10.5% (двоцифрена), цената на горивата, храната се поскапени повеќекратно владата смета дека клучен приоритет е да се шверцува автентично толкување на член на закон за игри на среќа, напиша на Фејсбук пратеникот Бојан Стојаноски.

-Што е поентата ? Да се легализира бизнис со видеоапарати кој ќе генерира профит од над 10 милиони евра на бизнисмени и политичари блиски до ДУИ и СДСМ.
Очевиден криминал со документ потпишан од Артан Груби, истакна Стојаноски.

Ваквите закони и постапки на коалицијата СДСМ – ДУИ само потврдуваат зошто е неопходна активна блокада на Собранието, се до одржување на предвремени парламентарни избори, додаде тој.

Коронавирус