вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 140
home Вести

Стојаноски: Власта одби 16 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ со кои ќе се обезбедеа пари за училишта, градинки, амбуланти и канализациони мрежи и водоводи

Стојаноски: Власта одби 16 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ со кои ќе се обезбедеа пари за училишта, градинки, амбуланти и канализациони мрежи и водоводи

– Три години СДСМ на власт, три години ниту еден проект во Ѓорче Петров.СДСМ е на власт и на локално и на централно ниво, а Ѓорчепетровци се целосно заборавени. Во последните три години владата на СДСМ нема завршено ниту еден проект во Ѓорче Петров, изјави денеска за медиумите, Бојан Стојаноски претседател на ОК Ѓорче Петров на ВМРО-ДПМНЕ.

– Криминалот, неработењето и лагите како заштитен знак на СДСМ се присутни и во Ѓорче Петров, па така лажните ветувања се редат како на лента, а реалните дела ги нема никаде. Ѓорче Петров стана општина која е препознатлива само по неработењето и недомаќинското кафанско трошење парите на граѓаните, по менувањето на ДУП со цел изградба на згради и со криминалите на власта. Единствените проекти кои ги заврши локалната власт се забрана за сушење на алиштата на терасите и најскапото уредување на дворот на градоначалникот Наумоски или таканаречено Корзо кое ги чини граѓаните скоро половина милион евра, истакна Стојаноски.

Тој вели дека дури и кога имаат можност да го променат тоа, власта на СДСМ нема слух.

– Имено, заедно со Владо Мисајловски како пратеници на ВМРО – ДПМНЕ од Ѓорче Петров поднесовме 16 амандмани со цел дел од најголемите проблеми на граѓаните на Ѓорче Петров да бидат решени преку ребалансот на буџетот, а владиното мнозинство не најде начин да направи простор за овие проблеми и покрај историски највисокиот буџет во историјата на Република Македонија. Власта на СДСМ одби да обезбеди средства за доградба на ОУ Димитар Беровски во Хром и ОУ Тихомир Милошевски во Ново Село, за нова амбуланта во Дексион, за две нови детски градинки, за решавање на проблемите со депониите во Ново Село и на кејот на реката Лепенец. Власта не обезбеди средства ниту за поставување на нови водоводни и канализациони мрежи, за асфалтирање на улички и решавање низа други проблеми на граѓаните, посочи Стојаноски.

– Ѓорче Петров не виде ништо добро од власта на СДСМ освен криминал, крадење и безброј лаги, промена на име и низа национални понижувања и затоа убедливо ги казнува на сите изборни соочувања. ВМРО–ДПМНЕ ќе продолжи да победува во Ѓорче Петров и ќе им се оддолжи на граѓаните за довербата со многу работа и реализирани проекти, заклучи тој.

Коронавирус