недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 27
home Вести

Стојаноски: Владата на СДСМ и ДУИ продолжуваат, спротивно на сите демократски и европски вредности да го деградираат законодавниот дом и пратениците во Република Македонија

Стојаноски: Владата на СДСМ и ДУИ продолжуваат, спротивно на сите демократски и европски вредности да го деградираат законодавниот дом и пратениците во Република Македонија

Иако, во повеќе наврати во извештаите за напредок од Европската комисија се потенцираше на злоупортебата на европското знаменце на законите и големиот број на закони кои се носат по скратена постапка, Зоран Заев и СДСМ само заради нивните партиско коалициски пазари не ги земаат во предвид овие забелешки, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Овој пат европско знаменце и скратена постапка добија Предлог на законот за агенција за разузнавање и Предлог на законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година како и Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за основање на државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Повторно, како и во сите наврати досега нема повикување со европска регулатива што е услов за европско знаменце и истите закони се носат дополнително по скратена постапка само за да се оневозможи да се развие дебата во Собранието како во секој демократска земја. Ова шверцерско носење на закони покажува дека оваа Влада и ова парламентарно мнозинство не ги интересираат реформи и неги интересира европскиот пат на земјата. Заев и СДСМ уштре еднаш потврдуваат дека преку пописот на населениото наместо статистичка операција тие сакаат да спроведат политичка операција односно наместен попис кој што нема да ја даде точната слика за населението во Република Македонија и попис во кој што ните еден граѓанин нема да има доверба. Како конструктивна опозиција дадовме неколку аргументирани забелешки за овој закон но оваа арогантна власт го одби. Предлог на законот за агенција за разузнавање и уште еден закон кој доби европско знаменце, а не е поврзан со ниокаква европска регулатива туку едноставно целта е и во овој случај да се заобиколи опозицијата со што повторно ќе се покаже самоволието на СДСМ. И овој закон како и законот за попис на населението се закони кои што секогаш досега се носеле со консензус од сите политички партии на кој што начин се гради доверба на граѓаните во системот. Предлогот на закон за изменување и дополнување на законот за основање на државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен е всушност спојување со Државната комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. Уште еден доказ за злоупотреба на европското знаменце и нема ниту едно усогласување со Регулатива на Европската Унија. Името Власта има намера противуставно и противзаконски да го продолжи мандандатот на претседателот и членови за уште 5 години (кои се избираат во Собранието) и наместо 10 членови сега комисијата ќе брои неверојатни 16 членови плус претседател, што значи вдомување на партиски и коалициони кадри. Очигледно е дека власта бега од дебата, не прифаќа никави забелешки и продолжува да го спроведува своето насилие преку пратениците од СДСМ и ДУИ, истакна Стојаноски.

Како Претничка група на ВМРО-ДПМНЕ сакаме да нагласиме дека одговорноста од ваквите штетни политики и загрозување на демократските процеси во Република Македонија се единствено на оваа најнеспособна во историјата Влада предводена од СДСМ, додаде тој.

Коронавирус