недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 56
home Вести

Стојаноски: Владата ги намали средствата за животната средина и аерозагадување од 90 до 100 проценти

Стојаноски: Владата ги намали средствата за животната средина и аерозагадување од 90 до 100 проценти

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната седница на комисијата за финансирање и буџет истакна дека мерните станици за испитување на квалитетот на воздухот не работат а Владата ги намалила и средствата за животна средина и аерозагадувањето од 90 до 100 проценти.

-Има неколку станици во Ѓорче кои што го мерат квалитетот на воздухот од кои едната, таа што е под надлежност на министерството за животна средина која што се наоѓа во кругот на средното училиште некое време не работи а внимавајте случајно престана да работи кога почнавме да бележиме рекордно ниво на загаденост.Имаше една граѓанска иницијатива која што се обиде да пушти писмен допис, јас можам да ви го дадам, до минстерството за животна средина, од каде што беше одговорено дека се расипал некој дел и дека минатата година се распишала јавна набавка, се распишал тендер за набавка на тие резервни делови кои што чинеле многу скапо, и кога ќе се набавеле тие резервни делови станицата ќе била направена. Ниту тие делови се набавија а ниту пак станицата се направи, нагласи Стојаноски

Стојаноски додаде дека иако Владата тврди дека животната средина е една од стратешки важните работи во новиот буџет за 2021 година бројките не го велат тоа.

-Кажувате дека животната средина е една од стратешки важните работи на новата Влада за новиот буџет за 2021 година но тоа не е така согласно бројките. За животната средина намалени се средства во износ од 93 милиони денари помалку односно 9,5 проценти и од првично планираниот буџет за 2020 година. Во програмата С за унапредуување на животната средина намалени се 6,7 проценти или 21 милион помалку, а во категоријата за аерозагадување има 20 милиони денари помалку. Инвестиции во животната средина 100 проценти помалку, чистење на депонии 43 проценти помалку средства, мониторинг и заштита од аерозагадување 100 проценти помалку, заштита на води 100 проценти помалку ама има зголемување на ставката за купување на мебел од 4,51 процент. Веројатно ни колешката ни јас нема да видиме нова мерна станица но сепак на апликацијата мој воздух таму ако отворитетаму пишува локација Ѓорѓе- полициска станица ќе видите дека во добар дел од неделата ние сме позагадени и од Ново Лисиче, заклучи Стојаноски

Коронавирус