недела, 9. мај 2021. Вести денес: 138
home Вести

Стојаноски: Вчера Богдановиќ беше во кафеана, го служеа келнери, додека сите останати се под клуч и полициски час

Стојаноски: Вчера Богдановиќ беше во кафеана, го служеа келнери, додека сите останати се под клуч и полициски час

Вчера Саша Богдановиќ беше во кафеана, го служеа келнери, додека сите останати се под клуч и полициски час. Ова е матрицата на СДСМ за непочитување на закони, Заев отвора хотели само за него, а Богдановиќ кафеани, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова вчера беше брутално газење на законите од најверниот слуга на Заев, Богдановиќ. Саша Богдановиќ, доколку имаше малку кредибилитет оставка требаше да дадеш уште вчера, но и сега не е доцна. Додека ти вчера кршеше полициски час и кафеана работеше само за тебе триесетина луѓе починаа од КОВИД-19. Аздисаноста на власта е шамар за граѓаните. Оваа аздисаност се случува додека близу 150.000 луѓе се заразија од КОВИД-19, над 4.600 ги загубија сопствените животи, 60.000 останаа без работа, 6.200 фирми се затворија. Оваа аздисаност е додека Македонија тоне заради нивната неспособност, вели Стојаноски.

Тој додава дека Саша Богдановиќ да си напише оставка веднаш. Доколку имаше морал тоа ќе го стореше уште синоќа, но денеска е веќе обврска.

-Заради нереагирањето на институциите и обидот да се релативизира овој скандал, и да нема одговорност како што би имало кога се работи за секој еден друг граѓанин, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Саша Богдановиќ, за кршење на протоколите и законите, потенцира Стојаноски.

Коронавирус